Делегирање ПЛ Плеј оф фин.4   

   Делегирање МЛ Плеј оф 11   

   Сениорски лиги-Билтен бр.46
   
   Младински лиги-Билтен бр.36

 



 

 

 
МЗТ Скопје Аеродром ја продолжува својата доминација во мак баскетот и вечерва со третата победа во финалната серија над Куманово од 90-88 (26-22, 16-19, 27-24, 19-24). ја освои петтата последователна титула во Првата лига.


ПРВА ЛИГА МАЖИ - СЕЗОНА 2015/2016

ПЛЕЈ ОФ  финале до три победи

домаќин

гостин

датум

час

инфо

рез

МЗТ Скопје А. 

Куманово (0-1)

18.05.16

18:00

МРТ

84-87

Куманово  (1-1)

МЗТ Скопје А.

21.05.16

19:30

МРТ

75-82

МЗТ Скопје А. 2-1

Куманово

24.05.16

19:00

МРТ

91-73

Куманово   1-3

МЗТ Скопје А. 

27.05.16

19:00

МРТ

88-90

МЗТ Скопје А. 

Куманово

29.05.16


ТОП-5 КУМУЛАТИВНА СТАТИСТИКА ПРВА ЛИГА 2015/2016





На 04.06 .2016 година со почеток во 11Часот во Хотелот Александар Палас во Скопје во Конгресна сала 2 ќе се одржи редовно собрание на Македонската кошаркарска федерација.
Викендов салата Шабан Трстена вриеше од детски џагор, салата во скопската населба Чаир беше домаќин на турнирот за кошаркарки до 14 години во организација на Македонската кошаркарска федерација.
Македонската кошаркарска федерација во салата „Шабан Трстена “ во населбата Чаир во Скопје организира турнир за кошаркарки до 14 години.
Македонската кошаркарска федерација на 28 и 29 мај(сабота и недела) во салата Шабан Трстена во Скопје ќе организира турнир за кошаркарки до 14 години.На турнирот ќе учествуваат осум екипи од Македонија.
Во саботата 28.05.2016 година на терените на хотелот Александар Палас во Скопје се одржаа квалификациите за пласман на завршниот турнир од Јуниорското првенство на Македонија во 3 на 3.
Во сабота (28.05.2016) на терените на хотелот Александар Палас во Скопје со почеток од 10 часот стартува последниот квалификациски турнир од Јуниорското првенство на Македонија во 3 x 3.
Доминација на екипите на Бадел 1862 во македонската женска кошарка, по шампионскиоте титули на сениорките и јуниорките вечерва до драгоцениот шампионски пехар стигнаа и кошаркарките на Бадел 1862 до 16 години.
Македонската репрезентација до 20 години на 3 јуни (петок ) во салата на Вардар под Кале ги започнува подготовките за учество на Европското првенство Дивизија Б во Грција, кое ќе се одржи од 15 -24 Јули 2016 во Халкида.
Актуелниот шампион МЗТ Скопје Аеродром вечерва д 19 часот во четвртиот натпревар од финалната серија на Плеј офот на гостувањето во Куманово ја има премиерната меч топка за одбрана на титулата во Првата македонска кошаркарска лига.
Актуелниот шампион МЗТ Скопје Аеродром не дозволи ново изненадување во Јане Сандански и вечерва со 91-73(25-20, 23-23, 22-19 21-11) ја извојува втората победа во финалето на Плеј офот против големиот ривал за трофејот Куманово за водство од 2-1 во победи.
Македонскиот репрезентативец Војдан Стојановски во интервју за официјалната страница на ФИБА Европа ги изнесе своите очекувања за уччеството на нашата најдобра селекција во квалификациите, за новиот селектор,за младите соиграчи во тимот. 

На состанокот на претседателите на кошаркарските федерации на Македонија, Србија, БиХ,Хрватска,Словенија и Црна Гора, одржан во Белград потврдена е заедничката поддршка на ФИБА Европа во борбата за зачувување на интересите на европската кошарка и постоењето на натпреварувањето врз основа на спортски критериуми.
Поранешниот капитен на нашата најдобра селекција Врбица Стефанов ја прифати понудената соработка од новиот селектор Драган Раца и стана дел од стручниот штаб на сениорската репрезентација на Македонија.
На 28.05.2016 година (сабота) во просториите на СЦ. Јане Сандански со почеток од 12 часот ќе се одржи Изборно Собрание на Здружението на Кошаркарски тренери на Република Македонија.
Македонската кошаркарска федерација на 28 и 29 мај(сабота и недела) во салата Шабан Трстена во Скопје ќе организира турнир за кошаркарки до 14 години.На турнирот ќе учествуваат осум екипи од Македонија.
Младите кошаркарки на Бадел 1862 се шампионките на Македонија во конкуренција до 18 години.




Во недела на 22 мај 2016 година во 12 часот во Спортска Сала: “Народни херои” (во склоп на комплексот ФФК-Факултет за физичко образование, спорт и образование, ДУФК - Средно фискултурно и Спортска Академија) ќе се оддржи вториот селективен тренинг на кандидатите за упис на Спортската академија.




Новиот селектор на македонската кошаркарска репрезентација Драган Раца денеска ја имаше првата средба со новинарите. Новиот предводник на црвено жолтите на почетокот на прес конференцијата изрази огромна благодарност до раководството на МКФ за укажаната доверба и порача дека се нафатил на оваа работа бидејќи е убеден дека националниот тим има квалитети за нов настап на Европско првенство.
Претседателот на Македонската кошаркарска федерација Петар Наумоски во интервју за магазинот „Република“ ги пренесе своите ставови и размислувања за иднината на мак баскетот, репрезентативниот дрес, за квалификациите за ЕП 2017, за односот со ФИБА, претстојното собрание на федерацијата,...
Претседателот на Македонската кошаркарска федерација Петар Наумоски и градоначалникот на општина Кавадарци Александар Панов денеска потпишаа договор за ко- организација на престојните квалификациски натпревари на нашата најдобра репрезентација за пласман на Европското првенство во 2017 година.


Министерството за образование и наука упатива јавен повик за проверување на способностите за спортски вештини на учениците кај кои има интерес за запишување во Спортска Академија.
Потпретседателот на Македонската кошаркарска федерација Илија Пенов во разговор за спортскиот портал „дерби. мк“ му даде целосна поддршка на проектот „Спортска академија“.
Екипата на Карпош Соколи во која настапуваат најдобрите млади кошаркари од тимот на Карпош Соколи АД го освои првото место во Третата лига и следната натпреварувачка сезона 2016/2017 ќе се натпреварува во повисок ранг во Втората кошаркарска лига на Македонија.

Екипата на Вардар е освојувач на шампионската титула во првенството до 20 години. Младите кошаркари на Вардар вечерва по трет пат во финалната серија го совладаа големиот ривал Карпош Соколи со 66-62 и со максимални 3-0 во победи стигнаа до шампионската титула.



Кошаркарите на Бадел 1862 без ниту еден загубен натпревар во сезоната 2015/2016 ја одбранија шампионската титула во Првата лига и по 12 пат во историјата го подигнаа шампионскиот пехар наменет за најдобрата екипа во македонската женска кошарка.



Управниот одбор на Македонската кошаркарска федерација попладнево го назначи 55- годишниот српски тренер Драган Раца за нов селектор на нашата најдобра репрезентација. Раца ќе ги води црвено жолтите во квалификациите за Европскиот шампион во 2017 против селекциите на Луксембург, Унгарија и Велика Британија.



Нови апликации за Android и iOS од ФИБА за кошаркарските тренери.

Најдобрата кошаркарска репрезетација на Македонија попладнево на ждрепката во седиштето на ФИБА Европа во Минхен ги доби противниците во квалификациите за пласман на Евробаскетот во 2017 година.

Меѓународната кошаркарска федерација (ФИБА) го одреди редоследот на на натпреварите во седумте квалификациски групи за пласман на Еврошампионатот во 2017 година.


 

Ул. Македонија, 11А, ПФ 318
1000 Скопје, Р. Македонија
тел/факс: +3892 2464988
E-mail:
contact@basketball.org.mk
Сениорски Лиги: +3892 2454320
Младински Лиги: +3892 2464990

© 2006 Сите права задржани


Developed by Nextsense
Powered by webBuilder