Сениорски лиги-Билтен бр.46
   
   Младински лиги-Билтен бр.40

 



 

 

 
 

Македонската кошаркарска федерација  од 29 јули до 7 август 2016 е организатор на Европско првенство за кошаркари до 18 години Дивизија Б. На првенството покрај јуниорската селекција на Македонија ќе настапат уште 23 репрезентации и со 24 земји учеснички ќе биде најголемото младинско Европско првенство одржано до сега во Македонија. Натпреварите ќе се играат во спортските сали: ВИП Арена - Борис Трајковски, СЦ. Јане Сандански и салата на КК Вардар под Кале. Екипите и официјалните лица ќе бидат сместени во хотелите: Континентал, Александар Палас и Русија.

ТУРНИР - КИНА

Жушоу

домаќин

гостин

датум

час

инфо

рез

МАКЕДОНИЈА  

КИНА

21.06.16

13:00

87-101

МАКЕДОНИЈА

САД

22.06.16

14:30

85-79

МАКЕДОНИЈА

ЛИТВАНИЈА 

23.05.16

13:00

95-88

Со победа над селекцијата на Литванија од 95-88 и освоено второ место на турнирот во Жушоу нашиот комбиниран тим ја заврши турнејата низ Кина започната на 14 јуни.

Потпретседателот на Македонската кошаркарска федерација Илија Пенов беше гостин во отвореното студио на ТВ Нова.

М-20 ПРИЈАТЕЛСКИ

СКОПЈЕ- сала КК Вардар

домаќин

гостин

датум

час

инфо

рез

МАКЕДОНИЈА М20 

БУГАРИЈА М20

29.06.16

20:30

МАКЕДОНИЈА М20

БУГАРИЈА М20

30.06.16

20:30

Македонската селекција за кошаркари до 20 години со 62-57 (20-9, 14-19, 12-8, 16-21) го претрпе и вториот пораз од соодветната селекција на Бугарија на пријателскиот двомеч во Правец.
Македонската репрезентација за кошаркари до 20 години доживеа минимален пораз од 49-48 (14-11, 6-11, 13-18, 16-8) од врсниците од Бугарија во првиот пријателски натпревар на гостувањето во Правец.
Стручниот штаб на селекција на Македонија за кошаркарки до 16 години, селекторот Анета Глигорова, тренерот Јордан Цветановски и координаторот на сите младински селекции Стојна Вангеловска го одредија списокот од 17 кошаркарки кои ќе бидат во комбинација за настап на Европскиот шампионат дивизија Б во Орадеа Романија од 5 до 14 август.
Во салата на ОУ „Невена Ѓоргиева Дуња“ во Скопје под раководство на селекторот Горјан Стојановски, помошникот тренер Енвер Мифтари и легендата на нашата кошарка Стојна Вангеловска започнаа подготовките на нашата женска селекција за кошаркарки до 18 години.
Македонскиот шампион во женска конкуренција Бадел 1862 по ждрепката во Славонски Брод ги доби противниците за новата сезона во силната регионална лига-МЖРКЛ.
Денеска нашиот комбиниран тим со мечот против колеџ составот од САД за 5 место го завршува настапот на турнирот во Сужоу, Кина. Нашите млади кошаркари денес ќе имаат дополнителен мотив за уште една победа над колеџ тимот на САД на турнирот во Сужоу, со новиот успех покрај тоа што ќе го освојат петтото место на турнирот во Кина,воедно ќе му го честитаат и 23 роденден на својот соиграч Горан Главчев.
Список на 24 кошаркарки пријавени во ФИБА од македонската селекција до 16 години.
Селекторот Џои Тејт и неговите помошници Ѓорѓи Кочов и Атанас Димов го објавија списокот од 20 кошаркари кои ќе бидат во комбинација за настап на ЕП во Софија дивизија Б од 11-20 август.
Македонската селекција за кошаркари до 18 години во машка конкуренција летово од 29 јули до 7 август на домашен терен во Скопје ќе учествува на Европското првенство М18 Дивизија Б.
Македонската женска селекција за кошаркарки до 18 години летово ќе учествува на Европското првенство Дивизија Б во Сараево.
Селекторот Горјан Стојановски го објави списокот од 16 кошаркарки кои ќе бидат во комбинација за настап на Европското прветсво Дивизија Б , кое од 23 до 31 јули ќе се одржи во Сараево Босна и Херцеговина.
Македонската репрезентација за кошаркари до 20 години од 15 до 24 јули годинава ќе учествува на Европското првенство Дивизија Б во Халкида Грција.
Стручниот штаб на репрезетацијата на Македонија за кошаркари до 18 години го објави поширокиот список од 22 -ца репрезентативци за претстојните подготовки за учество на Европското првенство дивизија Б кое од 27 јули до 7 август ќе се одржи годинава во Скопје.
Екипа на Феникс 2010 - 1 е нов шампион на Македонија за кошаркари до 16 години. Младите кошаркари на Феникс 2010 во финалето со максимални 2-0 во победи беа подобри од тимот на Плејмејкер.
Најмладите кошаркари од генерацијата 2002 и помлади на Вардар се најдобриот тим во Македонија во М14 во натпреварувачката сезона 2015/16.
Кошаркарите на Вардар до 18 годишна возраст се новите шампиони на Македонија во М18 лигата во натпреварувачката сезона 2015/2016.
Доминација на екипите на Бадел 1862 во македонската женска кошарка, по шампионскиоте титули на сениорките и јуниорките вечерва до драгоцениот шампионски пехар стигнаа и кошаркарките на Бадел 1862 до 16 години.

Екипата на Вардар е освојувач на шампионската титула во првенството до 20 години. Младите кошаркари на Вардар вечерва по трет пат во финалната серија го совладаа големиот ривал Карпош Соколи со 66-62 и со максимални 3-0 во победи стигнаа до шампионската титула.






Американските кошаркарски тренери Џои Тејт и Клифтон Елис летово ќе бидат новите селектори на две наши млади селекции, репрезентациите за кошаркари до 16 и 18 години.
На предлог на Стручниот совет на Македонската кошаркарска федерација, назначени се стручните штабови на селекциите за 2016 година.
МЗТ Скопје Аеродром ја продолжува својата доминација во мак баскетот и вечерва со третата победа во финалната серија над Куманово од 90-88 (26-22, 16-19, 27-24, 19-24). ја освои петтата последователна титула во Првата лига.


Кошаркарите на Бадел 1862 без ниту еден загубен натпревар во сезоната 2015/2016 ја одбранија шампионската титула во Првата лига и по 12 пат во историјата го подигнаа шампионскиот пехар наменет за најдобрата екипа во македонската женска кошарка.


Викендов салата Шабан Трстена вриеше од детски џагор, салата во скопската населба Чаир беше домаќин на турнирот за кошаркарки до 14 години во организација на Македонската кошаркарска федерација.
Младите кошаркарки на Бадел 1862 се шампионките на Македонија во конкуренција до 18 години.


Екипата на Карпош Соколи во која настапуваат најдобрите млади кошаркари од тимот на Карпош Соколи АД го освои првото место во Третата лига и следната натпреварувачка сезона 2016/2017 ќе се натпреварува во повисок ранг во Втората кошаркарска лига на Македонија.

ТОП-5 КУМУЛАТИВНА СТАТИСТИКА ПРВА ЛИГА 2015/2016

  



 

Ул. Македонија, 11А, ПФ 318
1000 Скопје, Р. Македонија
тел/факс: +3892 2464988
E-mail:
contact@basketball.org.mk
Сениорски Лиги: +3892 2454320
Младински Лиги: +3892 2464990

© 2006 Сите права задржани


Developed by Nextsense
Powered by webBuilder