Куп на Македонија жени, финале Во одлична атмосфера во салата „М.М.Брицо“ во Делчево, Клубски и Кросиг одиграа квалитетно финале во Купот на Македонија. Предводен од Лидија Милкова, која на крајот се закити и со МВП наградата, Клубски заслужено славеше со 69-59 и на задоволство на домашната публика, го освои првиот трофеј во историјата на клубот. |