По победа за нов Евробаскет
(27.08.2014) Со четири победи во петте досегашни натпревари од Квалификациите, Македонија е на прагот на четврто учество на најголемиот европски кошаркарски собир по ред, односно вкупно петто во историјата. Последниот предизвик за избраниците на Александар Џикиќ е Белорусија, натпревар од кој победа и теоретски ќе го осигура Евробаскетот 2015 година. Средбата се игра во СЦ „Борис Трајковски“ од 20.30 часот.

КВАЛИФИКАЦИИ ЗА ЕВРОБАСКЕТ 2015

Група Д

домаќин

гостин

датум

час

инфо

рез

Македонија

Белгија

10.08.14

20:30

76-73

Данска

Македонија

13.08.14

19:30

 

75-81

Белорусија

Македонија

17.08.14

17:00

70-81

Белгија

Македонија

20.08.14

20:30

 

63-60

Македонија

Данска

24.08.14

20:30

80-46

Македонија

Белорусија

27.08.14

20:30

 

 

Репрезентацијата до 16 години се врати на победничките патеки
(26.08.2014) Со победа од 82-68, Репрезентацијата на Македонија до 16 години брзо се рехабилитираше од двата порази по ред против Израел и Грузија. Со добра тимска игра и стабилна организација во нападот, нашата репрезентација го заслужи триумфот, кој ја приближува до борбата за пласман од 9 до 12 место на Првенството.
Фото-вест
(25.08.2014) По синоќешната победа над Данска, сениорската репрезентација на Македонија денеска имаше слободен ден, а селекторот Александар Џикиќ го искористи да ја посети Кадетската репрезентација на Македонија, која моментално настапува на Европското Првенство У16 во Струмица.

Македонија во Скопје ги игра последните две средби од Квалификациите
По трите гостински средби, селекцијата на Македонија со изгледни шанси за пласман на Евробаскетот 2015, последните натпревари во Квалификациите ќе ги игра во Скопје против Данска на 24 август и Белорусија на 27 август. Од петок, влезници за овие натпревари ќе се продаваат и на билетарницата на СЦ „Борис Трајковски“.
Селективен тренинг во понеделник од 11.30 часот
(21.08.2014) Министерството за образование, заедно Агенцијата за млади и спорт и Општина Кавадарци, овозможија од наредната учебна година (2014/15) освен во Скопје, за прв пат да се отвори кошаркарска паралелка од Националната Спортска Академија и во Кавадарци.
(19.08.2014) Националниот инструктор, Ѓорги Пиперков, ги објави измените на Правилата и Толкувањата 2014 на Македонски јазик, кои стапуваат на сила од 1 октомври 2014 година.



ПРЕОДЕН РОК 2014/15

                                                               
        ИНФОРМАЦИЈА                                                    ДОКУМЕНТИ

Ул. Кузман Јосифовски Питу 17, ПФ 318
1000 Скопје, Р. Македонија
тел/факс: +3892 2464988
E-mail:
contact@basketball.org.mk
Сениорски Лиги: +3892 2454320
Младински Лиги: +3892 2464990

© 2006 Сите права задржани


Developed by Nextsense
Powered by webBuilder