Одиграни првите четвртфинални средби од женскиот Куп
Фаворитите без проблеми
Клубски веќе го обезбеди своето место меѓу четирите најдобри по двете победи во ист ден против Трокал, а пред реваншите, блиску до пласман понатаму се и Вигор, Кроација Осигурување и Бадел

Екипите на Клубски и Трокал ги одиграа двата натпревари од четвртфиналето во Купот на Македонија во еден ден, а фаворитот од Делчево немаше проблем да слави во двете средби, по што со вкупен резултат од 136-57, очекувано обезбеди пласман во полуфиналето.
Вигор Скопје креираше предност од 67 поени по првата средба на гостувањето кај Студент и го направи реваншот на свој терен чиста формалност, со што ја продолжува одбраната на Куп трофејот освоен лани. Вардар Младинец и Кроација Осигурување одиграа интересен натпревар, по кој Кроација Осигурување обезбеди солидна предност од 17 поени пред реваншот (62-45), а добра предност оствари и Бадел, по победата на гости во Струга со 78-53.
Трите реванш натпревари, по кои официјално ќе бидат познати четирите полуфиналисти, закажани се за наредниот викенд. Полуфиналните двојки ќе бидат одредени со извлекување.
|
Куп на Македонија 2012 |
|
Четвртфинале жени – први натпревари |
|
домаќин |
гостин |
датум |
час |
инфо |
рез |
|
Студент |
Вигор Скопје |
28.01.12 |
12:00 |
|
24-91 |
|
Трокал |
Клубски |
29.01.12 |
12:00 |
|
34-66 |
|
Вардар Младинец |
Кроација Осигурување |
29.01.12 |
12:00 |
|
45-62 |
|
Струга 2009 |
Бадел |
29.01.12 |
13:30 |
|
53-78 |
|
Куп на Македонија 2012 |
|
Четвртфинале жени – втори натпревари |
|
домаќин |
гостин |
датум |
час |
инфо |
рез |
|
Вигор Скопје |
Студент |
|
|
|
|
|
Клубски |
Трокал |
29.01.12 |
15:00 |
|
70-23 |
|
Кроација Осигурување |
Вардар Младинец |
|
|
|
|
|
Бадел |
Струга 2009 |
|
|
|
|

|