- Делег. Плејаут Лига, 4.коло

 



 

  |  Куп 2012

Продолжуваат четвртфиналните средби во Купот

Фени со фаворитска улога против Кожув

Торус СЦБТ и МЗТ Скопје ќе играат во првото полуфинале во сабота. Двата натпревари денеска, помеѓу Фени Индустри и Кожув, односно Лирија и Куманово, ќе ги дадат последните двајца патници меѓу најдобрите четири екипи.


Кошаркарите на Фени Индустри по минатогодишниот настап во Купот

Првиот натпревар од петочната програма во СЦ „Борис Трајковски“ се игра од 17.00 часот, а во него, Фени Индустри се среќава со Кожув. Кавадарчани лани, иако влегоа како фаворити во Купот, беа поразени во полуфиналната фаза од Работнички, па тимот на Емил Рајковиќ, сигурно ќе има што да докаже во овогодинешното издание на турнирот. Искусните играчи, формата во последниот период и секако резултатите во досегашниот дел од сезоната, го ставаат во фаворитска улога пред Кожув. Кавадарчани, свесни за позицијата во која се наоѓаат, сепак потенцираат на важноста во секој натпревар да се влезе максимално сериозно и сконцентрирано.

„Влегуваме како фаворити на натпреварот, но тоа е така само на хартија“, вели центарот на Фени Индустри, Кирил Николовски. „На терен, двете екипи почнуваме од 0-0 и доколку сакаме победа ќе треба да ја одработиме и заслужиме. Добро сме подготвени, добро ни дојде и паузата по одложениот натпревар со Зрињски и верувам во победа денеска. Кожув не е воопшто наивна екипа, нема да ги потцениме во ниту еден момент, но сепак ние сме фаворитите и влегуваме во турнирот за да го докажеме тоа“, заврши Николовски.

Фени Индустри и Кожув одиграа два натпревари сезонава во регуларниот дел и двата ги доби Фени. Сепак, по завршувањето на тие натпревари, Кожув се засили со неколку нови играчи, кои иако дебитанти во ова натпреварување, мотивирани се да го докажат својот квалитет. Ако на некого не му недостасува искуство од вакви натпревари, тоа секако е бекот на Кожув, Александар Димитровски.

„Сум бил сведок на доста вакви натпревари, средби по кои нема можност за поправен, односно натпревари кои им даваат шанса токму на таканаречените ’аутсајдери’ да се обидат да изненадат“, вели Димитровски. „Многу добро знаеме против кого играме и нормално дека ќе се обидеме да изненадиме. Хендикеп ни е што не сме во некој првенствен ритам, но од друга страна сме многу посвежи и сакаме да се надигруваме. Ќе дадеме се од себе и ќе видиме што ќе се случи“, заврши Димитровски.

 

Ул. Кузман Јосифовски Питу 17, ПФ 318
1000 Скопје, Р. Македонија
тел/факс: +3892 2464988
E-mail:
contact@basketball.org.mk
Сениорски Лиги: +3892 2454320
Младински Лиги: +3892 2464990

© 2006 Сите права задржани


Developed by Nextsense
Powered by webBuilder