Сениорски лиги-Билтен бр.46
   
   Младински лиги-Билтен бр.40

 



 

 

ДОГОВОРИТЕ КОИ СЕ ПОДНЕСУВААТ ВО МКФ МОРА ДА БИДАТ ЗАВЕРЕНИ НА НОТАР.(НЕ Е ПОТРЕБНО ЛИЧНО ПРИСУСТВО НА ИГРАЧИТЕ И РОДИТЕЛ/СТАРАТЕЛ), ДОГОВОРИТЕ МОЖАТ ДА БИДАТ ПОДНЕСЕНИ ОД ОВЛАСТЕНО ЛИЦЕ НА КЛУБОТ.


Од денес (31.08.2016) може да се купат само поединечни билети за натпреварите во салата Јасмин во Кавадарци на Македонската кошаркарска репрезентација во рамките на квалификациите за пласман на Евробаскетот во 2017.
Македонската сениорска репрезентација е пред нов предизвик, пласман на петтото во низа Европско првенство, шесто во историјата.

КВАЛИФИКАЦИИ ЗА ЕП 2017   САЛА „ЈАСМИН“ - КАВАДАРЦИ

Г- ГРУПА  Распоред на натпревари

домаќин

гостин

датум

час

инфо

рез

МАКЕДОНИЈА

ЛУКСЕМБУРГ

31.08.16

20:30

МРТ

В.БРИТАНИЈА

МАКЕДОНИЈА

03.09.16

18:30

МАКЕДОНИЈА

УНГАРИЈА

07.09.16

20:30

МРТ

ЛУКСЕМБУРГ

МАКЕДОНИЈА

10.09.16

19:30

МАКЕДОНИЈА

В.БРИТАНИЈА

14.09.16

19:00

МРТ

УНГАРИЈА

МАКЕДОНИЈА

17.09.16

18:30

Влезниците за Квалификациски натпревари кои се играат во салата Јасмин во Кавадарци на 31 август и 7 и 14 септември за пласман на Евробаскет 2017, од денеска се пуштени во продажба преку продажната мрежа на ТИКЕТ ПЛУС MK.

Селекторот на најдобрата македонска кошаркарска репрезентација Драган Раца денеска на прес конферанција во Кавадарци во пресрет на стартниот дуел во квалификациите за пласман на ЕП во 2017 година, на 31 август против Луксембург побара поддршка од сите спортисти, медиуми и спортски работници. Предводникот на црвено жолтите е задоволен од досега сработеното во овие два месеца подготовки.
Викеднов во малата сала во СЦ „Јане Сандански“ во заедничка организација на Македонската кошаркарска федерација , Македонскиот Олимписки Комитет и Здружението на кошаркарски тренери на Македонија(ЗКТМ) при МКФ успешно беше одржан Семинар за обука на тренери. 
Денес (25.08.2016) во просториите на Македонската кошаркарска федерација се одржа работна средба меѓу генералниот секретар на МКФ Моника Гаврилоска, првиот човек на регионалната Балканска кошаркарска лига Шај Штрикс и менаџерот за натпреварување на БИБЛ Камен Тошев.
Македонската кошаркарска федерација ги повикува сите медиумски куќи кои се заинтересирани за следење на натпреварите од квалификациите за пласман на Евробаскетот 2017 од (31.08 до 17 09.2016год.) во салата „Јасмин“ – Кавадарци, да аплицираат за акредитации на новинарски екипи на contact@basketball.org.mk или kgalevski@yahoo.com.Од секој медиум може да се акредитира по еден новинар и снимател или фоторепортер.



Македонската кошаркарска федерација заедно со Македонскиот Олимписки Комитет и Здружението на кошаркарски тренери на Македонија, во сабота на 27 Август со почеток во 12часот, во Мала Сала во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје ќе организира тренерски семинар


Во рамките на проектот „ЗАЕДНО ДО М16“, Македонската кошаркарска федерација во соработка со Кошаркарските федерации на Романија, Турција, Бугарија и Косово, ќе испрати 30 селектирани кошаркари на Меѓународен кошаркарски камп во Констанца, Романија.


Членовите на најдобрата македонската кошаркарска репрезентација кои се подготвуваат за настап во квалификациите за пласман на Евробаскетот во 2017 упатија апел до фановите за помош и донации за жителите за жителите од поплавените подрачја.
Македонската кошаркарска федрација распишува конкурс за ангажирање на стручни лица, тренери и физиотерапевти за работа во спортските паралелки (кошарка) во Спортската академија во Скопје, Кавадарци и Охрид.

Македонската репрезентација за кошаркари до 16 години го освои 16 место на Европското првенство дивизија Б во Софија Бугарија.
Македонската репрезентација за кошаркари до 14 години ги загуби и последните две средби на силниот меѓународен турнир „Словенија Бол“ во Словен Градец.
Последниот натпревар на јуниорите на овогодишното Европско првенство Дивизија Б за кошаркари до 18 години им го донесе и финалниот пласма на нашите млади надежи. Селекцијата на Данска се покажа како супериорна во натпреварот за пласман славејќи со 85-61 (16-17, 19-18, 27-10, 23-16) па така, нашите репрезентативци ќе го завршат првенството како 16. пласирани од вкупно 24 земји - учеснички.

ТОП-5 КУМУЛАТИВНА СТАТИСТИКА ПРВА ЛИГА 2015/2016

  

 

Ул. Македонија, 11А, ПФ 318
1000 Скопје, Р. Македонија
тел/факс: +3892 2464988
E-mail:
contact@basketball.org.mk
Сениорски Лиги: +3892 2454320
Младински Лиги: +3892 2464990

© 2006 Сите права задржани


Developed by Nextsense
Powered by webBuilder