Фаворизираниот Карпош Соколи прв полуфиналист во ЛИмак Купот на Македонија 
 

 

Карпош Соколи не дозволи сензационален старт на четвртфиналето од Лимак купот на Македонија. Финалистот од минатата сезона во првиот меч на завршниот турнир од Купот на Македонија во Кавадарци потешко од очекувањата го совлада младиот и борбен состав на Вардар со 92-84. По сигурното водство во првите три четвртини во кои кошаркарите на Карпош Соколи ја одржуваат предноста од 12 до 20 поени, опуштањето во последната делница можеше да ги чини неочекувана елиминација.

Но, сепак искуството и квалитетот на Трајковски, Соколов, Лабовиќ во решевачките моменти дојфде до израз и Карпош Сокли не дозволи сензација. Трајковски и Соколов со 20 однос о 18 поени беа најефикасните кошаркари во победничкиот состав. КавВардар капитенот Лефковски постигна 22поени, Ибитајо реализираше 17 а Робев вечот го заврши со 16 поени.

Карпош Соколи во полуфиналето го очекува победникот од четвртфиналната пресметка Работнички - Куманово.




  

 

Ул. Македонија, 11А, ПФ 318
1000 Скопје, Р. Македонија
тел/факс: +3892 2464988
E-mail:
contact@basketball.org.mk
Сениорски Лиги: +3892 2454320
Младински Лиги: +3892 2464990

© 2006 Сите права задржани


Developed by Nextsense
Powered by webBuilder