Последен натпревар на гостински терен за нашата репрезентација во Квалификациите за Евробаскетот
(20.08.2014) Со трилер победата во Скопје се уште во мислите, но и со нови две победи во меѓувреме над Данска и Белорусија, македонските репрезентативци денеска го играат четвртиот меч во Квалификациската група и трет и последен на гостински терен. Натпреварот во Шарлоа против Белгија почнува од 20.30 часот.

КВАЛИФИКАЦИИ ЗА ЕВРОБАСКЕТ 2015

Група Д

домаќин

гостин

датум

час

инфо

рез

Македонија

Белгија

10.08.14

20:30

76-73

Данска

Македонија

13.08.14

19:30

 

75-81

Белорусија

Македонија

17.08.14

17:00

70-81

Белгија

Македонија

20.08.14

20:30

 

 

Македонија

Данска

24.08.14

20:30

Македонија

Белорусија

27.08.14

20:00

 

 

(18.08.2014) Сениорската репрезентација на Македонија оствари важна победа во Минск (81-70) против селекцијата на Белорусија, со која стигна на само чекор од официјализирање на пласманот на Евробаскетот 2015. Селекторот Александар Џикиќ и Александар Костоски по мечот искажаа задоволство од играта и резултатот.
Нашата кадетска репрезентација ги работи последните тренинзи пред почетокот на континенталниот шампионат
(19.08.2014) Од утре па се до 30 август, Струмица ќе биде домаќин на 22 репрезентации кои ќе настапуваат на Европското Првенство до 16 години (Б Дивизија). Репрезентацијата на Македонија натпреварувањето го отвора со меч против Норвешка од 18.45 часот. Во тек се последните подготовки пред почетокот на континенталниот собир.
(19.08.2014) Националниот инструктор, Ѓорги Пиперков, ги објави измените на Правилата и Толкувањата 2014 на Македонски јазик, кои стапуваат на сила од 1 октомври 2014 година.
Нова брилијантна тимска партија на нашиот состав за заслужен триумф од 81-70 во Минск
(17.08.2014) Сениорската кошаркарска репрезентација на Македонија оствари многу важна победа над незгодната Белорусија во Минск, со која го задржува врвот во квалификациската група и се наоѓа на само чекор до пласман на Евробаскетот 2015 година. Со сконцентрирана и квалитетна тимска игра во завршната четвртина, избраниците на Александар Џикиќ го заслужија триумфот од 81-70.
(16.08.2014) Од петокот, на сите продажни места на МК Тикетс и ОНЕ низ државата, пуштени беа во продажба влезниците за двата последни квалификациски натпревари што ќе се играат во Скопје против Данска (на 24 август) и Белорусија (на 27 август).
(14.08.2014) Сениорската репрезентација на Македонија ја совлада Данска на гостински терен со 81-75, остварувајќи го вториот триумф во Квалификациите за Евробаскетот по две одиграни средби. Селекторот Александар Џикиќ со краток коментар за натпреварот по неговото завршување.
Триумф за нашите репрезентативци од 81-75
(13.08.2014) Сениорската кошаркарска репрезентација на Македонија ја оствари втората победа во вториот натпревар во Квалификациите за Евробаскетот 2015, откако денеска во Хорсенс во тесен натпревар славеше над Данска со 81-75. Од првото место на табелата, нашите кошаркари следниот натпревар го очекуваат во недела против Белорусија.
Победнички почеток квалификациите за нашите кошаркари
(10.08.2014) Брилијантно второ полувреме и пресврт на пожртвуваните македонски кошаркари, кои одиграа најдобро кога најмногу требаше и апсолутно заслужено стигнаа до триумф над фаворизираниот противник. Тројката на Марко Симоновски на 3 секунди до крај од продолжението, го постави конечниот резултат.



ПРЕОДЕН РОК 2014/15

                                                               
        ИНФОРМАЦИЈА                                                    ДОКУМЕНТИ

Ул. Кузман Јосифовски Питу 17, ПФ 318
1000 Скопје, Р. Македонија
тел/факс: +3892 2464988
E-mail:
contact@basketball.org.mk
Сениорски Лиги: +3892 2454320
Младински Лиги: +3892 2464990

© 2006 Сите права задржани


Developed by Nextsense
Powered by webBuilder