Бранителот на трофејот МЗТ Скопје Аеродром е последниот полуфиналист во Купот на Македонија 

Актуелниот освојувач на Купот на Македонија МЗТ Скопје Аердором е противникот на Фени Индустри во второто полуфинале на најмасовното натпреварување. Металците вечерва во последното четврфинале во Салата Јасмин во Кавадарци славеа победа над солидниот Кожув од 83-72.
Последната четврфинална пресметка меѓу МЗТ иКожув започна со одлична низа на скопје од 15 - 0. Но, потоа на сцена стапуваат брзите и агресивни бекови на Кожув , Хал и Мек Нил и гевгелиќани резултатски се враќаат во натпреварот. На полувремето МЗТ Скопје А. заминува со водство од 47-38. Третата делница е максимално израмнета двете екипи постигнаа по 17-17 и со предност од 9 коша избраниците на Назор влегоа во ревашаните 10 минути. Центарот на МЗТ Џош Скот и во четвртиот дел продолжи од рекетот на го полни кошот на Кожув. Расположен за постигнување на кошеви беше и Ѓорге Дреновац со што металците не дозволуваат изненадување и рутински стигнуваат до посакуваната победа, доволно за пласман во полуфиналето на Лимак Купот на Македонија во кое утре  од 20-30 часот ги очекува дуел со домашниот Фени Индустри. 

Најефикасни на вечерашниот меч во редовите на победникот на Скот со 24 и Дреновац со 22 поени, кај Кожув Мек Нил постигна 18 , Мијовиќ 17.




  

 

Ул. Македонија, 11А, ПФ 318
1000 Скопје, Р. Македонија
тел/факс: +3892 2464988
E-mail:
contact@basketball.org.mk
Сениорски Лиги: +3892 2454320
Младински Лиги: +3892 2464990

© 2006 Сите права задржани


Developed by Nextsense
Powered by webBuilder