Изненадување во Јасмин, трофејот во Купот добива нов сопственик Фени втор финалист

Фени Индустри е противникот на Карпош Соколи во финлето на Лимак Купот на Македонија. Полуфиналниот трилер во Јасмин меѓу Фени Индустри и МЗТ Скопје Аеродром го решија Чешковиќ и Шарабидзе за триумф над домаќините од 80-79.

Во супер неизвесното и изедначено финале во кое двете екипи се менуваа во водство последните 30 секунди го одлучија победникот. Кога сите во Јасмин очекуваа триумф на МЗТ , гостите од Скопје водеа со 79-75 следува неверојатна тројка на Чешковиќ а корнер и по фаулот над Шарабидзе, центарот на Фени погодува зицер за конечни 80-79. Во последните 25 секунди Дреновац не успеа да погоди тројка, од одбојка непрецизен беше и Лалиќ, резултатот на семафорот остана непроменет, Фени Индустри МЗТ Скопје А. 80-79. Капитенот Кире Николовски со 22 поени беше првиот стрелец кај Фени , негови одлични соработници беа Стајиќ со 16 и Шарабидзе со 11. Во тимот на МЗТ . Лалиќ постигна 19, Дреновац 16 и Скот 14.
Утре од 19 часот во финалето ќе играат Фени Индустри и Карпош Соколи.




  

 

Ул. Македонија, 11А, ПФ 318
1000 Скопје, Р. Македонија
тел/факс: +3892 2464988
E-mail:
contact@basketball.org.mk
Сениорски Лиги: +3892 2454320
Младински Лиги: +3892 2464990

© 2006 Сите права задржани


Developed by Nextsense
Powered by webBuilder