Прв пораз за нашите кадети на ЕП во Струмица
(23.08.2014) Репрезентацијата на Македонија до 16 години во денешниот дуел со Израел го доживеа првиот пораз на Кадетското ЕП во Струмица. Израелците со водство во текот на целиот натпревар, славеа висок триумф од 100-63. И покрај поразот, избраниците на Саша Димитријевиќ остануваат со отворени шанси за пласман во четвртфиналето.

КВАЛИФИКАЦИИ ЗА ЕВРОБАСКЕТ 2015

Група Д

домаќин

гостин

датум

час

инфо

рез

Македонија

Белгија

10.08.14

20:30

76-73

Данска

Македонија

13.08.14

19:30

 

75-81

Белорусија

Македонија

17.08.14

17:00

70-81

Белгија

Македонија

20.08.14

20:30

 

63-60

Македонија

Данска

24.08.14

20:30

Македонија

Белорусија

27.08.14

20:00

 

 

Два од два за Кадетите на ЕП во Струмица
(22.08.2014) Фантастичен натпревар со исклучително интересна завршница одиграа Македонија и Словенија од групната фаза на Европското Првенство, а поените на Ранко Мамузиќ од контра напад со звукот на сирената, донесоа триумф на нашата кадетска репрезентација од 80-78. Со две победи од две натпревари, Макеонија сигурно граби кон четвртфинале.
Македонија во Скопје ги игра последните две средби од Квалификациите
По трите гостински средби, селекцијата на Македонија со изгледни шанси за пласман на Евробаскетот 2015, последните натпревари во Квалификациите ќе ги игра во Скопје против Данска на 24 август и Белорусија на 27 август. Од петок, влезници за овие натпревари ќе се продаваат и на билетарницата на СЦ „Борис Трајковски“.
Селективен тренинг во понеделник од 11.30 часот
(21.08.2014) Министерството за образование, заедно Агенцијата за млади и спорт и Општина Кавадарци, овозможија од наредната учебна година (2014/15) освен во Скопје, за прв пат да се отвори кошаркарска паралелка од Националната Спортска Академија и во Кавадарци.

Сениорската репрезентација и натаму останува на чекор до пласман на Евробаскетот
(20.08.2014) По трите победи во првите три средби од Квалификациите за Евробаскетот 2015, Сениорската репрезентација на Македонија денеска во тесна завршница во Шарлоа, го доживеа првиот пораз во циклусот. Нашите кошаркари и натаму остануваат на чекор до посакуваниот пласман, во пресрет на натпреварите против Данска и Белорусија во Скопје.
Репрезентацијата до 16 години ја совлада Норвешка со 37 поени разлика
(20.08.2014) Со цврста и агилна одбрана и одлично разработен тимски напад, репрезентацијата на Македонија до 16 години со победа од 77-40 против Норвешка успешно го стартуваше настапот на Европското Првенство до 18 години што денеска почна во Струмица.
(19.08.2014) Националниот инструктор, Ѓорги Пиперков, ги објави измените на Правилата и Толкувањата 2014 на Македонски јазик, кои стапуваат на сила од 1 октомври 2014 година.



ПРЕОДЕН РОК 2014/15

                                                               
        ИНФОРМАЦИЈА                                                    ДОКУМЕНТИ

Ул. Кузман Јосифовски Питу 17, ПФ 318
1000 Скопје, Р. Македонија
тел/факс: +3892 2464988
E-mail:
contact@basketball.org.mk
Сениорски Лиги: +3892 2454320
Младински Лиги: +3892 2464990

© 2006 Сите права задржани


Developed by Nextsense
Powered by webBuilder