Сениорски лиги Билтен бр.12   
   
     Билтен бр.2  Куп 2017  
      
     Куп 2016/17 Билтен

     Термини МЛ 12 коло

     Термини заостанати МЛ     

     Младински лиги Билтен бр.7
      

  

 



 

 

Одредени составите на групите за Евробаскетот во 2017


Попладнево во салата на Фенербахче во Истанбул беше извршена ждрепката за составите на групите за Евробаскетот во 2017 година кој ќе се игра во периодот од 31 август до 17 септември следната година.Европскиот шампион Шпанија одбраната на трофејот на Евробаскетот во 2017 кој повторно ќе се игра во четири држави ќе ја започне во Групата Ц, која ќе се игра во Клуж против балканските  ривали Хрватска и Црна Гора, домашната Романија и репрезентациите на Унгарија и Чешка.

Во Хелсинки во Групата А покрај домаќинот Финска ќе играат и селекциите на Исланд, Франција, Грција, Словенија и Полска.
На ждрепката во Истанбул беше одредено во Групата Б  во Тел Авив,  да се најдат  домашната селекција на Израел и репрезентациите на Литванија, Италија, Грузија, Германија и Украина.

Во Д групата во Истанбул за место во следната фаза ќе се натпреваруваат националните тимови на домаќинот Турција, Русија, Србија, Летонија, Белгија и Велика Британија.
Во салата на „Синан Ердем “ во Истанбул  каде попладнево беа извлечени составите на групите за Еврошампионатот ќе се игра и големото финале на Евробаскетот 2017.




  

 

Ул. Македонија, 11А, ПФ 318
1000 Скопје, Р. Македонија
тел/факс: +3892 2464988
E-mail:
contact@basketball.org.mk
Сениорски Лиги: +3892 2454320
Младински Лиги: +3892 2464990

© 2006 Сите права задржани


Developed by Nextsense
Powered by webBuilder