- Сениорски лиги, Билтен 1
- Делег. ПЛМ 3.коло



 

 
  |  Куп 2012

Викендов првите натпревари

Почнува Купот во женска конкуренција

Со натпреварот помеѓу Студент и Вигор, закажан за сабота на пладне, почнуваат четвртфиналните натпревари од Купот на Македонија во женска конкуренција.


Кошаркарките на Вигор со трофејот од Купот 2011 година

Според резултатите на екипите во првиот дел од сезоната, натпреварот помеѓу Вардар Младинец и Кроација Осигурување би можел да биде окарактеризиран како дерби во оваа фаза од Купот, иако гостинот на неделниот меч влегува како благ фаворит. Во меѓусебниот лигашки дуел, одигран во првото сезонско коло, Кроација Осигурување славеше со 85-71.

Студент и Вигор Скопје ја отвораат викенд програмата со натпреварот во сабота на пладне, а бранителот на трофејот од лани, победи во лигашкиот дел со 100-43. Клубски од Делчево, кој неодамна доведе нови засилувања во екипата, влегува како фаворит против Трокал, додека последниот од првите четвртфинални натпревари го играат Струга и Бадел. Бадел во Првенството славеше на домашен терен со 68-48.

Реванш четвртфиналните натпревари ќе се одиграат наредниот викенд.

Куп на Македонија 2012

Четвртфинале жени – први натпревари

домаќин

гостин

датум

час

инфо

рез

Студент

Вигор Скопје

28.01.12

12:00

24-91

Трокал

Клубски

28.01.12

14:00

Вардар Младинец

Кроација Осигурување

29.01.12

12:00

Струга 2009

Бадел

29.01.12

13:30

Ул. Македонија, 11А, ПФ 318
1000 Скопје, Р. Македонија
тел/факс: +3892 2464988
E-mail:
contact@basketball.org.mk
Сениорски Лиги: +3892 2454320
Младински Лиги: +3892 2464990

© 2006 Сите права задржани


Developed by Nextsense
Powered by webBuilder