Естонија и Косово противници на Македoнија во претквалификациите за СП во 2019

Македонската кошаркарска репрезентација попладнево на ждрепката во Прага ги доби противниницте во престојните претквалификации за Светскиот шампионат во Кина во 2019 година. Противници на црвено жолтите во претквалификациите кои ќе се играат во август  во 2017 година во Групата Ц ќе бидат  репрезентациите на Естонија и Косово.

Претквалификациски групи :

А: Словачка, Шведка, БиХ, Ерменија.

Б:Албанија, Австрија, Холандија:

Д: Португалија, Бугарија Белорусија.

Сите 13 селекции ќе играат според системот „дома-гости" (по четири или шест мечеви, во зависност во која група ќе бидат поставени тимовите), и тоа во периодот од 2 до 19 август во 2017 година.

Првите две репрезентации од претквалификациската група обезбедуваат место во квалификциите за Мундијалот во 2019 година: Квалификациите ќе се играат во од 20 до 28 ноември, следната, 2017 година.

По ждрепката во Прага за телевизија Нова претседателот Петар Наумоски изјави:

„Треба да размислуваме за нас, а не за противниците. И минатиот циклус размислувавме дека имаме лесна група, дека ќе ја поминеме, но тоа не се случи. Направивме лош резултат. Сега, за оваа група треба да изградиме единство, една добра тимска хемија. Верувам дека желбата кај кошаркарите ќе биде на повисоко ниво, дека ќе бидат помотивирани да ја минат групата и да бидат дел од квалификациите за СП 2019. Системот на натпревари ни одговара, добро е што не ја добивме четвртата екипа во ждрепката како Ерменија. Тоа само ќе ги истоштеше нашите играчи дополнително, со целите тие патувања до таму и назад, а немаше да направи промени во скорот и самата табела“, изјави Наумоски за „ТВ Нова“.




  

 

Ул. Македонија, 11А, ПФ 318
1000 Скопје, Р. Македонија
тел/факс: +3892 2464988
E-mail:
contact@basketball.org.mk
Сениорски Лиги: +3892 2454320
Младински Лиги: +3892 2464990

© 2006 Сите права задржани


Developed by Nextsense
Powered by webBuilder