- Сениорски лиги, Билтен 6
- Делег. МЗТ - СТР



 

 
  |  Куп 2012

Во 12.00 часот во просториите на МКФ

Жребување за Купот на Македонија 2012

Осум екипи во машка и четири во женска конкуренција ќе учествуваат на завршните турнири од кошаркарскиот Куп на Македонија. Извлекувањето на паровите, проследено со лицитацијата за организација на турнирите почнува точно на пладне

Куп на Македонија мажи, Фајнл-ејт турнир
Учесници: Фени Индустри, МЗТ Скопје Аеродром, Торус СЦБТ, Лирија, Работнички, Куманово, Вардар, Кожув

Согласно пропозициите, жребувањето ќе биде полудиригирано, со тоа што првопласираните четири екипи на крајот на регуларниот дел на сезоната (Фени Индустри, МЗТ Скопје Аеродром, Торус СЦБТ и Лирија) ќе се најдат во првиот шешир, додека другите четири екипи (Работнички, Куманово, Вардар и Кожув) ќе го сочинуваат вториот шешир. Со тоа, сите четири четвртфинални натпревари ќе се играат помеѓу еден тим од првата четворка и еден тим од втората четворка. Првиот и третиот извлечен тим од првиот шешир ќе се водат како домаќини на натпреварите, додека вториот и четвртиот се гости. Полуфиналните натпревари автоматски се генерираат по извлекувањето на четвртфиналните.

Куп на Македонија жени, Фајнл-фор турнир
Учесници: Вигор Скопје, Клубски, Кросиг, Бадел

Согласно пропозициите, жребувањето ќе биде полудиригирано, што значи дека првопласираните две екипи на крајот на првиот дел од сезоната, можат да се сретнат меѓусебе исклучиво во финалето. Вигор Скопје и Клубски се во првиот шешир, а Кросиг и Бадел се во вториот. Првата извлечена екипа ќе биде заведена како домаќин на полуфиналната средба, а во другото полуфинале, екипата од првиот шешир ќе биде гостин.

Ул. Македонија, 11А, ПФ 318
1000 Скопје, Р. Македонија
тел/факс: +3892 2464988
E-mail:
contact@basketball.org.mk
Сениорски Лиги: +3892 2454320
Младински Лиги: +3892 2464990

© 2006 Сите права задржани


Developed by Nextsense
Powered by webBuilder