ФИБА Европа информираше дека претседателот на европската „Куќа на кошарката“, Исланѓанецот Олафур Рафнсон, денеска починал во Женева на 50 годишна возраст.

МЕДИТЕРАНСКИ ИГРИ - МЕРСИН 2013

Група А

домаќин

гостин

датум

час

инфо

рез

Македонија

Египет

18.06.2013

16.15

(56-56)

74-67

Македонија

Алжир

19.06.2013

16.15

 

89-81

Македонија

Турција

21.06.2013

19.00

 

 
Кошаркарската репрезентација успешно ја мина групната фаза
(19.06.2013)  Со одлична игра во текот на сите 40 минути и постојана контрола врз настаните на теренот и резултатот, избраниците на Марјан Србиновски ја заслужија победата против Алжир, која им го осигура пласманот во полуфиналето на Медитеранските игри. Утре е слободен ден, а во петок нашите кошаркари ќе играат со домаќинот Турција за првото место во групата.
Успешен старт на кошаркарите на Медитеранските игри
(18.06.2013)  Репрезентацијата на Македонија со триумф дебитираше на Медитеранските игри во Мерсин, откако во исклучително неизвесен натпревар успеа да се врати од двоцифрена негатива и да го совлада Египет со 74-67. Вториот натпревар од Групата А, избраниците на Марјан Србиновски го играат утре против Алжир.

Информација за медиумите
Покана за прес-конференција
Во четврток (20 јуни) со почеток во 10.00 часот во кафе „Тренд“ на плоштадот „Македонија“ ќе се одржи прес-конференција на која на јавноста ќе се обратат Иво Данеу - Официјален амбасадор на Евробаскет 2013, Анже Божовиќ - Менаџер за комуникации на Евробаскет 2013, Даниел Димевски - Претседател на МКФ и Виктор Доневски - Директор на маркетинг и односи со јавност на ОНЕ.



Младинките продолжуваат со подготовките во Скопје
(18.06.2013)  По поразот од 55-44 во првиот натпревар игран синоќа, утринава избраничките на Александар Домлевски доживеаја пораз и на втората пријателска средба во Софија против домаќинот Бугарија.
Позитивни впечатоци од предавањата во Охрид
Дводневната Тренерска Клиника која се одржа во салата „Билјанини Извори“ во Охрид доби највисоки оцени, а содржајните предавања и презентации на Димитриос Итудис, Жељко Обрадовиќ и Антон Крумп беа повеќе од добредојдени за тренерите кои ги поздравија со аплауз.
Фотогалерија
Во петокот почна првата смена на МКФ Летниот Камп кој се одржува во хотелот „Еуротел“ во Струга. Нешто повеќе од 150 талентирани млади кошаркари и кошаркарки од различни генерации, работат секојдневни тренинзи на пет кошаркарски терени во комплексот на хотелот, според прецизно изработена програма од некои од најдобрите тренери во нашата земја.
Единаесет-члена делегација на Специјалната Олимпијада Македонија во среда наутро ќе замине за Истанбул, каде во периодот од 19 до 23 јуни 2013 година ќе настапи на Европското кошаркарско првенство. Репрезентативците на Специјалната Олимпијада очекуваат добар резултат.

Известување од Здружението на кошаркарски тренери
РАСПОРЕД ЗА ОДРЖУВАЊЕ НА ТРЕНИЗИ НА
СЕМИНАРОТ НА ЗКТ ВО СТРУГА - 2013 ГОДИНА




Преоден рок за кошаркари и кошаркарки
(сезона 2013/14)

документи за преоден рок (сезона 2013/14)

 

 Влезници за Евробаскет

  

Ул. Кузман Јосифовски Питу 17, ПФ 318
1000 Скопје, Р. Македонија
тел/факс: +3892 2464988
E-mail:
contact@basketball.org.mk
Сениорски Лиги: +3892 2454320
Младински Лиги: +3892 2464990

© 2006 Сите права задржани


Developed by Nextsense
Powered by webBuilder