Сениорски лиги Билтен бр.12   
   
     Билтен бр.2  Куп 2017  
      
     Куп 2016/17 Билтен

     Термини МЛ 12 коло

     Термини заостанати МЛ     

     Младински лиги Билтен бр.7
      

  

 



 

 

Фото: Дресот со брОЈ 7 на Петар Наумоски од Ефес замина во вечноста

Турскиот и европски кошаркарски гигант Ефес Анадолу во минатото Пилесен вечерва го повлече од употреба дресот со број 7 на својата легенда, а сега актуелен претседател на МКФ Петар Наумоски. Дресот на Наумоски со број 7 вечерва на свечена церемонија за време на мечот Евролигата меѓу Ефес Анадолу и Милано во присуство на македонскиот кошаркар на 20 век Наумоски е подигнат во салата Абди Ипекчи.Натпреварот Ефес Милано беше избран од страна на раководството на турскиот гигант поради тоа што Наумоски настапуваше во редовите на двете екипи, скоро седум сезони мина во дресот на Ефес и две во редовите на италијанскиот Милано.



Наумоски е вториот член покрај легендарниот предводник на Ефес од шампионските денови на крајот на минатиот век Ајдин Орс во Куќата на славните на гигантот од Истанбул.Великанот Наумоски вечерва доби и вредно признание од својот најомилен клуб.






На свечениот церемонијал во Абди Ипекчи покрај Наумоски на теренот беа и скоро сите негови соиграчи од шампионските денови, меѓу нив беше и претседателот на Турската кошаркарска федерација екс НБА ѕвездата Хидет Туркоглу.


Кошаркарскиот евролигаш му направи голема чест на својот легендарен бек Петар Наумоски кој со тимот на Ефес Пилсен сега Анадолу освои дури 13 трофеи, по 4 титули во првенството, купот и Претседателскиот куп на Турција и пехар во европскиот Куп на Радивој Корач.



Инаку вечерва салата во Истанбул беше во знакот на нашиот Пеце национале бројот 7.

Целата церемонија може да ја погледнете и на следниот линк.




  

 

Ул. Македонија, 11А, ПФ 318
1000 Скопје, Р. Македонија
тел/факс: +3892 2464988
E-mail:
contact@basketball.org.mk
Сениорски Лиги: +3892 2454320
Младински Лиги: +3892 2464990

© 2006 Сите права задржани


Developed by Nextsense
Powered by webBuilder