Работнички противник на Карпош Соколи во полуфиналето на Купот 

 

Трофејниот Работнички со победа над Куманово од 87-81 закажа полуфинале против фаворитот Карпош Соколи во Лимак Купот на Македонија .Тимот на Докузовски предводен од искусните Мираковски, Чековски, Мишановиќ  и Тасовски  и без повредениот Влатко Илиевски успеа да извојува голема победа против ривалот  Куманово  во четврфиналното дерби од Лимак Купот на Македонија.

Од првите минута на средбата Работнички под диригентска палка на капитенот Мираковски ја имаше контролата на играта и резултатот.

Покрај искусниот квартет кој одигра уште еден одличен натпревар, Мираковски, Чековски, Мишановиќ и Тасевски имаа голема помош и од младите Николиќ и Ефремовски

Работнички до 33 минута имаше сигурна и убедлива предност не поголема од 13 кошеви, но Куманово со тројките на Јаневски, Караџовски и Браун го носи мечот во неизвесен финиш. Но, искусниот состав на центарци знаеше како да го сочува водството и на крајот  да забележи триумф вреден полуфинале.

Во редовите на победникот прв стрелец е Мишановиќ со 23 поен, Мираковски постигна 17, Чековски 15 . Кај Куманово Караџовски запиша  19 запиша, а Мијатовиќ дуелот го заврши со  15 поени.

Утре во 18 часот за првиот финалист на Купот ќе решаваат Работнички и Карпош Соколи.




  

 

Ул. Македонија, 11А, ПФ 318
1000 Скопје, Р. Македонија
тел/факс: +3892 2464988
E-mail:
contact@basketball.org.mk
Сениорски Лиги: +3892 2454320
Младински Лиги: +3892 2464990

© 2006 Сите права задржани


Developed by Nextsense
Powered by webBuilder